Шпански „Ас“ пренесува вистинска ексклузива кога во прашање е Нејмар и неговиот потенцијален трансфер во Реал Мадрид..
Имено, како што пренесува реномираниот медиум луѓето од таборот на Реал се сретнале со таткото на Нејмар!
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
На состанокот на таткото на најскапит фудбалер кој е и негов агент им соопштил дека можат да го добијат Нејмар за сума од точно 405 милиони евра. Наводно состанокот бил одржан по судирот на Реал Мадрид и Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите.
На сето ова треба да се спомене и дека неодамна првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи беше во посета на својата ѕвезда во Бразил, па веста на „Ас“ и тоа како има има логика.
По се изгледа потенцијалниот нов трансфер на Нејмар не е само медиумска шпекулација и можеби веќе ова лето ќе бидеме сведоци на нов неверојатен трансфер.