Дома Останати Еден од овие двајца ќе биде противникот на Конор во Лас Вегас

Еден од овие двајца ќе биде противникот на Конор во Лас Вегас

Конор Мекгрегор вчера во Москва објави дека се враќа во октагон.

Ирската ММА звезда на 18-ти јануари во Лас Вегас влезе во октагон по пауза од година ипол, но името на противникот не сакаше да го открие.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Се враќам на 18-ти јануари, а за противникот прашајте во УФЦ. Тоа ќе биде моја повратничка борба, го знам и противникот, но не можам да ви го кажам. Ако ви го кажам тие ќе го сменат бидејќи се такви“, изјави Конор.

Сепак американските медиуми објавија две имиња и тврдат дека еден од нив ќе биде противникот на Конор.

Познатиот новинар, Ариел Хелвани тврди дека најголем фаворит за борба со Конор е Доналд Колбој, а втор е Џастин Гетје.

Наскоро се ќе биде познато, се чека и официјална потврда од УФЦ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Најдобрата скијачка на светот беше оперирана откако падна и ја скрши ногата

Италијанката Федерика Брињоне (34) беше оперирана во Милано откако ја скрши ногата при пад…