Конор Мекгрегор конечно се враќа во октагон.
Големата УФЦ денес одржа прес конференција во Москва каде што го откри датумот и локацијата на враќањето во октагон, но и испрати порака до Кабиб Нурмагомедов.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Сакам да се борам во Русија и сите знаат по која борба дојдов. Луѓето во Русија заслужуваат голема борба и реванш кој ќе се случи. Нема да го чекам, познат е по откажувањето борби и не е тип кој сака да ризикува. Се плаши од борба во Москва. Дали тој воопшто ја претставува Русија? Никогаш не сум го видел тоа да го прави, никогаш не сум видел да го подигне знамето. Сите сакаат борба во Москва, но тој не. Неговиот последен противник беше човек кого го нокаутирав за 90 секунди“.
.@TheNotoriousMMA brutally called out Khabib during his press conference this morning… ?? pic.twitter.com/5gje06r6Nf
— SPORTbible (@sportbible) October 24, 2019
„Тој реванш мора да се случи, меѓутоа тој бега бидејќи тоа е карактеристика на луѓето од Дагестан. Секогаш бгаат, тоа го гледаме и кај Кабиб. Бега како што побегна во Бруклин. Може да бега, но јас доаѓам по него“.
Потоа откри дека се враќа на УФЦ 246 евентот во Лас Вегас на 18-ти јануари.
„Се враќам на 18-ти јануари, а за противник прашајте во УФЦ. Тоа е борба со која ќе се вратам, го знам и противникот, но не смеам да ви го кажам. Ако кажам против кого ќе се борам тие ќе го заменет, бидејќи се такви“, истакна Ирецот.
.@TheNotoriousMMA is sick of waiting around for Khabib and has announced his comeback fight for next year… ? pic.twitter.com/japHN6DajK
— SPORTbible (@sportbible) October 24, 2019