Дома Трансфер зона Еден од најбараните леви бекови пристигнува во Серија А

Еден од најбараните леви бекови пристигнува во Серија А

Левиот бек на Штутгарт, Борна Соса е пред трансфер во Аталанта, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Хрватскиот репрезентативец со своите одлични партии го привлече вниманието на многу европски гиганти и сака ова лето да направи трансфер.

Соса веќе постигнал договор со Аталанта, а Штутгарт за неговата слобода бара 20 милиони евра. Од друга страна пак италијанскиот клуб е спремен да понуди 15 милиони евра.

Самиот фудбалер притиска за трансфер и се очекува во наредните денови двата клуба да ја „испеглаат“ разликата со вклучени бонуси.

Соса минатата сезона запиша 9 асистенции и постигна два гола, а во Аталанта веруваат дека ќе биде идеален наследник на Госенс.

Интерес за Соса покажуваа уште Барселона, Јувентус и Манчестер Сити, но не испратија конкретна понуда до Штутгарт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…