Шпанија славеше со 84:72 над Германија во рамки на четвртфиналниот дуел на Европското првенство.
Третата четвртина беше пресудна за одлука на првиот полуфиналист, откако во првото полувреме Германија беше достоен противник.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Третиот дел „Фурцијата“ го доби со 31:20, а на крајот славеше со 84:72.
Марк Гасол постигна 28 поени и беше најпрецизен во својот табор, додека на спротивната страна Шродер постигна 27 поени.
Шпанија во полуфиналето ќе се соочи против подобриот од дуелот помеѓу Словенија и Летонија.