Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Европското првенство најверојатно без публика

Европското првенство најверојатно без публика

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин не ја исклучува можноста Европското првенство идната година да се игра без присуство на публика.

Европското првенство требаше да се игра ова лето, но поради пандемијата со коронавирусот беше преместено за идната година.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Останува планот да се игра во 12 градови ширум Европа, но најверојатно ќе се игра под „затворени врати“.

„Не размислуваме за „меури“, истото го мислам и за Лигата на шампионите и Лига Европа. Прашањето е само дали турнирот ќе се игра со или без навивачи. Дали да се дозволи 30, 50 или 70 отсто од полниот капацитет на стадионите. Во теорија, иако сакаме ЕП да биде во 12 држави, можеме да го организираме и во 11, 10, три или во краен случај само во една држава“, изјави Чеферин.

ЕП ќе започне во јуни следната година, а ние се надеваме дека и Македонија ќе биде учесник на истото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Фудбалерите биле изненадени: Аморим им се заканил дека ќе ги испрати во Бугарија!

Португалецот, Рубен Аморим започна со работа во Манчестер јунајтед, а на Островот пренесув…