Играчот од средниот ред на Андерлехт Самби Локонга е новата белгиска ѕвезда која го привлече вниманието на европските гиганти.
21-годишниот играч за врска може да игра на сите позиции во средниот ред и веќе дебитираше за белгиската репрезентација.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Оваа сезона настапи на 28 меча за Андерлехт на кои постигна 2 гола и запиша 3 асистенции, а скаутите на многу европски гиганти го следат веќе подолго време.
За него интерес покажуваат Милан, Манчестер Сити, Арсенал, Лајпциг, Севиља и Баерн Минхен, па на лето се очекува голема битка за неговиот потпис.
Андерлехт нема лесно да се откаже од Локонга и за неговата слобода бара 30 милиони евра, што ќе биде најскап излезен трансфер во белгиското првенство.