Селекцијата на Шпанија со вардарецот Жоан Кањелас ќе игра во полуфиналето на Европското првенство, откако вечерва „црвната фурија“ со 31-27 го детронизира и официјално европскиот шампион Германија и обезбеди место меѓу најдобрите четири.
Шпанија од самиот старт против Германија водеше, но во вториот дел ја направи клучната разлика со која исчекори кон победата и полуфиналето. Поранешниот вардарец Алекс Дујшебаев и Феран Соле со по пет гола беа одлично дополнување за најефикасниот Давид Балагуер кој даде шест гола во големиот триумф на „црвената фурија“. Кај Германија која го предава тронот најдобар стрелец беше Каи Хафнер со пет гола.