Во минатиот викенд против Евертон, Кристијано Роналдо испиша историја и стана првиот фудбалер кој постигнал 700 голови на клупско ниво.
Ова секако е уште едно големо достигнување на Португалецот, а на оваа тема се огласи неговиот поранешен соиграч Патрис Евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Роналдо е вонземјанин. Тој како да не е од оваа планета, неговите достигнувања се лудост. Луѓе не можат да одиграат 700 натпревари, а тој постигна 700 гола – неверојатно! Постигна 700 гола, 700 пати ја смести топката во мрежата, би можел да повторувам цело време и пак ќе ми биде тешко да поверувам“.
„Поседува неверојатна дисциплина и тоа постојано го турка напред, ги руши сите барирери. Мислам дека има потреба да го прави тоа без разлика на се и што зборуваат другите. Диетата, навиките, излегувањата…Луѓето не разбираат колку е тешка таа дисциплина и колку тој се жртвува“, изјави Евра.