Дома Македонски спорт Еве како гласаа Пандев и Ангеловски во изборот на ФИФА

Еве како гласаа Пандев и Ангеловски во изборот на ФИФА

Денес ФИФА ги избираше најдобрите во Милано. Наградата за најдобар играч отиде во рацете на Лионел Меси.

Во изборот за најдобар гласаа капитените и селекторите на репрезентациите, па така својот глас го дадоа Игор Ангеловски и Горан Пандев.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


И Пандев и Ангеловски не дадоа ниту еден бод за Аргентинецот.

Ангеловски и Пандев исто ги распределија гласовите, пет поени доделија на Ван Дајк, три на Мане и еден Салах.

Кога се дамите во прашање Наташа Андонова најмногу бодови даде за победничката Меган Рапино, а потоа на нејзината листа следуваа Луси Бронз и Алекс Морган. Селекторот Кирил Изов пет поени даде за Алекс Морган, три за Мидема Вивиан и еден за Елен Вајт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Астрономска сума: Откриена платата на Марк Геи во Сити

Англискиот штопер Марк Геи оваа зима ќе го засили Манчестер Сити, а сега е откриена и него…