Тимот на Евертон сезонава после подолго време изгледа како сериозен конкурент за висока позиција во Премиер лигата.
Последната победа против Вест Хем од 4:1 со која обезбедија четвртфиналето во Карабао купот за нив беше шест во низа. Со тој триумф Евертон го изедначи клупскиот рекорд уште од далечната 1938/39. Интересно е што во оваа сезона Евертон стана шампион на Англија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Евертон на првиот официјален натпревар во сезоната го победи Тотенхем со 1:0, следуваше триумф против Салфорд во Лига Купот (3:0), па победи од 5:2 против ВБА и Флитвуд, петтата победа ја остварија против Кристал Палас од 2:1, а шестиот како што споменавме против Вест Хем.
Утре против Брајтон во рамките од 4. коло тие ќе имаат можност да ја продолжат серијата.