Легендарниот напаѓач, Дидиер Дрогба пред неколку дена објави крај на професионалната фудбалска кариера.
Напаѓачот кој го обележа детството на една генерација донесе одлука да стави крај на блескавата кариера, но порача дека не се кае за ништо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Својата кариера ја гледам на два начини. Првиот, како играч. Уживав во играњето на различни места, се обидов да придонесам секаде каде што играв“.
„Вториот, како човек. Беше неверојатно искуство да се патува низ светот и да се запознаваат култури, различни луѓе, обичаи…Слободно можам да кажам за себе дека сум светски човек и пресреќен сум што е така“, изјави Дрогба.
Секако, во разговорот со Дрогба новинарите го споменаа и тимот на Челзи кој за викендот доживеа незгоден пораз.
„Па мораше и Челзи да изгуби…Поразите од Тотенхем никогаш не се пријатни, сепак, станува збор за дерби, но се надевам дека Челзи ќе се врати и ќе продолжи со победите. Добро ја започнаа сезоната и мислам дека имаат право да се надеваат на титулата“, заврши Дрогба.