Дома Фудбал Англија Драма на легендата на Јунајтед – мора да оди на трансплантација на бубрег!

Драма на легендата на Јунајтед – мора да оди на трансплантација на бубрег!

Легендарниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Енди Кол поради болест ќе мора да оди на нов оперативен зафат, односно трансплантација на бубрег.

На Кол во 2014 година му беше откриен вирус кој го напаѓа бубрегот поради што подолго време беше на лекување, а сега мора повторно.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Кол моментално е амбасадор на Манчестер Јунајтед, а од клубот соопштија дека ќе мора да направи кратка пауза од својата работа.

„Во периодот на лечењето Енди Кол ќе направи кратка пауза како амбасадор на клубот. Исто така тој и неговото семејство се заблагодаруваат на сите навивачи за поддршката и замолија да се почитува нивната приватност во наредниот период“, се наведува во соопштението од клубот.

Кол во дресот на Јунајтед одигра 275 натпревари и постигна 121 гол во периодот од 1995 до 2001 гоидна. Во кариерата играше уште за Арсенал, Фулам, Њукасл, Манчестер Сити, Портсмут, Бирминем, Сандерленд, Барнли и Нотингем Форест.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ван Нистерлој добива понуда од Премиер лигата

Руд ван Нистерлој беше помошник на Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, а потоа и на четири меча…