Додека навивачите редовно го критикуваат, Хари Мегваер смета дека заслужува да се врати во стартниот тим на Манчестер Јунајтед и се закани дека ќе си замине.
Летово Тен Хаг му стави до знаење на Мегваер дека не смета сериозно на неговите услуги, Јунајтед се обидуваше да го продаде, но дефанзивецот на крајот остана.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Meгваер во изјава за медиумите истакна дека процентот на победи на тимот кога игра е одличен и дека заслужува да игра.
„Нормално дека не сум среќен кога поминувам толку многу време на клупа, а толку малку на теренот. Процентот на победи на тимот кога јас сум на теренот е голем, верувам дека заслужувам да бидам стартер.
Сепак, на крајот тренерот е тој што одлучува, по репрезентативната пауза ќе се вратам во клубот и ќе го видам мојот статус, но сигурно не мислам да седам во Јунајтед ако играм еднаш месечно“, изјави Мегваер.