Според информациите од САД, Пол Гасол ја заврши својата епизода во Сан Антонио Спарс.
Искусниот шпански кошаркар оваа сезона не играше премногу, а човекот кој е добро запознаен со случувањата во НБА Адриан Војнаровски тврди дека се договорил за раскинување на договорот и наскоро ќе стане слободен играч.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дека дошло времето за разделба потврди и самиот Гасол на друштвените мрежи кој истакна дека му е чест што играл за еден од најдобрите тимови во НБА лигата, а негова следна дестинација во кариератаќ е биде Милвоки.
„Благодарни сме на Гасол за доприносот кој го даде на теренот, во соблекувалната и заедницата“, порача тренерот на Сан Антонио, Грег Поповиќ.
Гасол ќе биде големо засилување за Бакси кои се „тенки“ на позицијата центар и го имаат само Брук Лопез. Освен тоа Гасол со себе носи и огромно искуство.
ESPN story on Pau Gasol agreeing on a Spurs buyout with plans to join the Milwaukee Bucks. https://t.co/Zbcclzgncu
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) March 1, 2019