Ерлинг Халанд реши ова лето да направи следен чекор во кариерата и ја напушти Борусија Дортмунд, па се пресели во Манчестер Сити.
Сепак, за Халанд немаше добри зборови од Дортмунд, иако беше омилен меѓу навивачите. Спортскиот директор на „милионерите“, Себастијан Кел изјави дека Норвежанецот бил товар во соблекувалната.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Колку и да го ценевме и се уште го цениме, тој веќе стана товар за соблекувалната и за клубот. И покрај се што направи за нас, тој на крајот се претвори во товар. Сите работи се вртеа околу него и тоа за мене не е добро. Токму поради тоа го продадовме, направивме добра работа за нас, но и за Сити. Тоа го потврдува и податокот кој вели дека оваа сезона десет гола дадоа десет различни стрелци, тоа е добро за нашиот тим“, изјави Кел.
„Посакувам да бевме сигурни во заминувањето на Халанд малку порано бидејќи тоа ни ги ограничи подготовките. Без него имаме можност да им веруваме на другите играчи“, додаде спортскиот директор на „милионерите“.