Дома Трансфер зона Дортмунд сака да го „украде“ засилувањето на Милан

Дортмунд сака да го „украде“ засилувањето на Милан

Италијанскиот гигант Милан одлично го одработи зимскиот преоден рок и донесе две големи засилувања, Лукас Пакета и Криштоф Пјонтек.

Меѓутоа, „росонерите“ сакаа да ја доведат и ѕвездата на Ница Алан Сент – Максимин, но не успеаа да постигнат договор со францускиот клуб.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ница не сакаше да остане на средина од сезоната без својот најважен играч, но двата клуба останаа во контакт и преговараат за реализација на трансферот на лето.

21-годишниот крилен напаѓач игра фантастична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Италијанските медиуми тврдат дека сега Милан добил сериозна конкуренција, бидејќи Борусија Дортмунд исто така е заинтересирана за Сент Максимин и испратила понуда од 25 милиони евра.

Ница ја одбила понудата бидејќи за слободата на својата ѕвезда бара 30 милиони евра, па јасно е дека на лето ќе гледаме голема битка за неговиот потпис.

Тренерот на „милионерите“, Лусијан Фавре одлично го познава Максимин бидејќи двајцата соработуваа во Ница, па сега повторно го сака во своите редови.

Сепак, Милан е во пол-позиција за потписот на младиот Французин бидејќи „росонерите“ веќе имаат договор со неговиот агент и останува уште да се договорат со Ница.

Сент Максимин оваа сезона одигра 22 меча во француското првенство, на кои постигна 6 гола и запиша 4 асистенции, а интерес за него покажуваат и неколку клубови од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед ја купува незадоволната ѕвезда на Челзи

Oфанзивецот на Челзи, Кристофер Нкунку сака да го напушти клубот во текот на зимскиот прео…