Манчестер Јунајтед почнува се повеќе да се доближува до својата најголема трансфер желба ова лето, ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо.
Денешните изданија на „Сан“ и „Билд“ пренесуваат дека германскиот клуб е спремен да ја намали цената за Санчо и да прифати понуда од 90 милиони фунти плус бонуси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Санчо и оваа сезона блеска во дресот на „милионерите“ и до сега постигна 20 гола и запиша 20 асистенции во сите натпреварувања.
Медиумите кои се блиски до Манчестер Јунајтед тврдат дека првата понуда од „црвените ѓаволи“ била одбиена и била „тешка“ 80 милиони фунти во кеш, плус 20 во име на бонуси.
Во тој момент Борусија бараше многу повеќе за својата ѕвезда, но сега е спремна да прифати понуда од 90 милиони фунти плус бонуси, а тоа значи дека двете страни се приближуваат кон договор.