Дома Останати Кошарка Дончиќ: Сакате да кажам дека немаме самодоверба?

Дончиќ: Сакате да кажам дека немаме самодоверба?

Лука Дончиќ не беше многу расположен за прашања по поразот од Бостон во првиот натпревар од финалната серија на НБА.

Бостон ја искористи слабата игра на Далас и победи со 107:89.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Само девет асистенции, тоа е учинокот на Маверикс, бројката која е најмала во финалињата во НБА од 2007 година, кога Сан Антонио го збриша Кливленд Кавалирс.

Далас е само третиот тим во последните 58 години кој завршил натпревар во финалната серија со помалку од десет асистенции.

Дончиќ по натпреварот беше запрашан дали по ова се уште има доверба во тимот.

„Секако дека има. Сакате да кажам дека немаме самодоверба?“, одговори со контра прашање.

Дончиќ постигна 30 поени, со десет скока, но само една асистенција. Таа една асистенција му се случи само седум пати во кариерата.

“Тие најчесто играат еден на еден. Секогаш имаат голема помош. Затоа шутиравме толку лошо”, објасни словенечкиот кошаркар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Димитријевиќ повторно ќе игра во Русија – добива примамлива плата!?

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ ќе ги напушти редовите на Олимпија Милано …