Лука Дончиќ и во осмиот меч сезонава ја надмина границата од 30 поени во НБА лигата. Неговиот Далас минимално со 111:110 славеше над Торонто, а Словенецот беше стрелец на 35 поени.
Дончиќ постигна 35 поени, осум скокови и шест асистенции и беше најзаслужен за победата на Далас.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Словенецот со овој меч влезе во историјата на НБА-лигата и го повтори успехот на Вилт Чемберлен кој на првите осум меча постигнал над 30 поени.
Такво нешто на Чемберлен му успеа во сезоната 1959/60, а потоа го повтори тоа и во сезоната 1962/63 кога на првите 23 меча постигна над 30 поени во секој од нив.
"I don't know how I made that"
— NBA (@NBA) November 5, 2022
Watch as Luka Doncic breaks down his 2 unbelievable highlights in the @dallasmavs win tonight! #MFFL pic.twitter.com/Sl6dJGrRxe