Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ пишува историја: Вакво нешто не се случило во НБА 60 години!

Дончиќ пишува историја: Вакво нешто не се случило во НБА 60 години!

Словенецот Лука Дончиќ продолжува со одличните настапи од почетокот на сезоната и полека се наметнува како сериозен фаворит за признанието МВП сезоната.

Дончиќ веќе седми меч по ред има фантастичен учинок и такво нешто не се случило во најсилната кошаркарска лига цели 60 години. Дончиќ беше најзаслужниот за победата на Далас против Јута од 103:100. Тој постигна 33 поени и додаде уште 11 асистенци ии пет скока. Сега Далас е на скор од 3-4.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


На сите седум натпревари од почетокот на сезоната Дончиќ постигна најмалку 30 поени и такво нешто последен пат му успеало на Вит Чемберлен во 1962 година. Исто така тој е само третиот кошаркар со ваков учинок на Чембрлен му успеало двапати, а еднаш во кариерата ваков старт имал и Џек Твајман во 1959 година.

Сепак треба да се знае дека за да стане играч со најмногу натпревари во низа на кои постигнал 30+ поени ќе му биде потребно чудо затоа што Чембрлен во таа 1962 година постигнуваше 30+ поени на неверојатни 23 натпревари.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Бостон 114-113, Мајами – Сакраменто 110-107, Њујорк – Атланта 99-112, Чикаго – Шарлот 106-88, Хјустон – ЛА Клиперс 101-109, Милвоки – Детроит 116-91, Сан Антонио – Торонто 100-143, Далас – Јута 103-100, Портланд – Мемфис 106-111, ЛА Лејкерс – Њу Орлеанс 120-117 (прод).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Дортмунд го налути „кралот“, хет-трик на Винисиус🎥

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд приредија вистински спектакл со седум гола и на крајот „кр…