Дома Останати Кошарка НБА Дончиќ одличен, но Далас поразен од Мајами, Лејкерси подобри од Хјустон 🎥

Дончиќ одличен, но Далас поразен од Мајами, Лејкерси подобри од Хјустон 🎥

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни пет натпревари, а ниту одличниот Лука Дончиќ не успеа да го одведе Далас до победа против Мајами.

Хит славеше со резултат 125:110, а до победата ги водеше Херо со 25 поени кој додаде уште четири асистенции и три скока, Батлер запиша 23 поени и шест скокови и исто толку асистенции.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Дончиќ одигра уште еден одличен натпревар. Постигна 33 поени, додаде уште пет асистенции и три скока. Кај Далас расположен беше и Брунсон со учинок од 25 поени, седум скокови и три асистенции.

Интересен меч одиграа Лејкерси и Хјустон, а славеа Лејкерси со 119:117. Џејмс, Дејвис и Вестбрук беа незапирливи. Првиот постигна 30 поени и додаде уште 10 скокови и четири асистенции, вториот 27 поени, девет скокови и четири асистенции, додека Вестбрук мечот го заврши со 27 поени, девет скокови и седум асистенции. Кај Хјустон најдобри беа Вуд и Грин. Вуд оствари учинок од 26 поени, 16 скокови и три асистенции, додека Грин постигна 24 поени и додаде пет асистенции и два скока.

Милвоки го разбија Детроит. Славеа со резултат 117:89, а до победата ги водеше Антетокумпо со учинок од 28 поени, девет асистенции и осум скокови. Феникс беше подобар од Њу Орлеанс со 112:100, додека Јута го надигра Сакраменто со 119:113.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Јувентус се засилува од Милан

Италијанските медиуми пишуваат дека Лука Јовиќ во јануарскиот преоден рок ќе го напушти Ми…