Словенецот Лука Дончиќ повторно е во центарот на вниманието на кошаркарската јавност.
Фантастичниот Дончиќ обезбеди победа на Далас против Сакраменто после продолженија со 114:110.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Многу пати во текот на сезоната Дончиќ покажа дека може да биде помеѓу најдобрите во НБА, па така беше и во овој натпревар. Натпреварот го заврши со 34 поени, 20 скока и 12 асистенции за 43 минути поминати на паркетот.
Со овој учинок Дончиќ постави нов рекорд и стана најмладиот играч во НБА кој успеал да постигне барем 30 поени, 20 скока и 10 асистенции. Рекордот Дончиќ го постави со 21 година и 158 дена.
Кога во прашање е самиот натпревар Далас пред самиот крај губеше со 95:89, но успеа да направи серија од 6:0 со која стигна до продолженија каде што играше многу подобри.
Во останатите натпревари Бруклин со 119:116 славеше над Милвоки, ЛА Клиперси го совлада Феникс со 115:117, Индијана прослави триумф над Орландо со 120:109, Мајами го победи Бостон со 112:106, во последниот натпревар Хјусон доживеа пораз од Портланд со 110:102.