Дома Останати Кошарка Дончиќ и со трипл-дабл беше незадоволен: Ја видов мојата статистика – страшно!

Дончиќ и со трипл-дабл беше незадоволен: Ја видов мојата статистика – страшно!

Репрезентацијата на Словенија претрпе пораз во првиот натпревар од квалификацискиот турнир во Париз, Хрватска ги декласираше Дончиќ и друштвото со 108:92 и така направи голем чекор кон полуфиналето на турнирот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Најголемата ѕвезда во ростерот на Словенија натпреварот го заврши со трипл-дабл од 26 поени, 11 скока и 10 асистенции, но изрази и незадоволство.

Дончиќ беше незадоволен од шутот од поле кој беше 8/23. На прес-конференцијата не го криеше незадоволството.

„Ја видов статистиката, мојот процент за шут…страшно! Морам да бидам подобар од ова. Хрватска денес одигра одлично и не надигра. Одбраната навистина не ни беше добра и мораме да сме подобри, почнувајќи од мене“, изјави Дончиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Контроверзниот сопственик на Панатинаикос доживеа сообраќајна несреќа!

Претседателот на Панатинаикос Димитрис Јанакопулос учествуваше во сообраќајна несреќа која…