Дома Трансфер зона Донарума: Јас сум миланиста и сакам да останам во Милан!

Донарума: Јас сум миланиста и сакам да останам во Милан!

Еден од најталентираните голмани во светот, Џанлуиџи Донарума уште еднаш јавно ја искажа својата верност кон Милан и потврди дека сака да остане на „Сан Сиро“.

Иднината на Донарума е главна тема на Апенините бидејќи голем број на европски гиганти се интересираат за неговиот потпис, а тој сеуште нема професионален договор со Милан.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Џиџио неодамна наполни 18 години и стана полнолетен, но неговиот менаџер Мино Раиола истакна дека ќе потпише нов договор откако ќе пристигнат новите сопственици на клубот.

„Јас сум миланиста и се недавем дека долго ќе останам во Милан. Го сакам овој клуб, но не мислам на иднината бидејќи за тоа се грижи мојот агент“, истакна Донарума.

Донарума важи за легитемен наследник на Буфон, па за неговиот потпис силен интерес покажуваат Јувентус, Реал Мадрид, Манчестер Сити и ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Гвардиола ја сака ѕвездата на Милан

Примарна цел на Манчестер Сити во зимскиот преоден рок ќе биде засилување на средниот ред.…