Дома Фудбал Италија Донарума потпишува: Ова се деталите од новиот договор

Донарума потпишува: Ова се деталите од новиот договор

Младиот голман на Милан, Џанлуиџи Донарума се етаблира во еден од најдобрите голмани на светот, а тоа очекувано донесе денеска голем број клубови да го посакуваат во своите редови.

Тоа е случај веќе неколку години. Познато е дека уште во 2017 година беше пред заминување, откако Мино Раиола го убеди дека е време за амбициозен проект, но го послуша срцето и остана на „Сан Сиро“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Договорот на Донарума со Милан истекува во 2021 година, па ова лето мора да биде решена иднината на младиот голман – или ќе потпише нов договор или ќе биде продаден.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Донарума донел одлука и сака да остане во Милан, а за тоа веќе го известил својот агент Мино Раиола.

Двете страни се блиску до договор, а Донарума ќе потпише нов договор со истата плата од 6 милиони евра, која со бонуси ќе достигнува до 7 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ го прегази Реал Мадрид за пласман финале

Европскиот клупски шампион Пари Сен Жермен го победи со 4:0 Реал Мадрид во второто полуфин…