Дома Топ вести Донарума му кажа ДА на ПСЖ, Јувентус не се откажува

Донарума му кажа ДА на ПСЖ, Јувентус не се откажува

Јувентус и Пари Сент Жермен ја продолжуваат битката за потписот на Џанлуиџи Донарума, кој ќе го напушти Милан како слободен агент.

Еминентниот новинар Данкан Каслс напиша дека Донарума веќе ја прифатил понудата на ПСЖ. Голманот ги договорил личните услови и е спремен да потпише со францускиот гигант.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Има еден проблем, а тоа е фактот што ПСЖ сака да го испрати една сезона на позајмива Донарума, бидејќи се задоволни од Кејлор Навас и ќе сметаат на него следната сезона.

Јувентус не се откажува и продолжува да преговара со Мино Раиола, но „бјанконерите“ мора прво да се ослободат од Војчех Шчешни.

Полскиот голман годишно заработува 6,5 милиони евра, па Јувентус мора да се ослободи за да потпише со Донарума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…