
Тимот на Вардар заврши како првопласиран во регуларниот дел од СЕХА лигата.
Доминацијата на Вардар во ова натпреварување е забележителна и во изборот на најдобрите седум играчи кои го направија капитените на 10-те екипи кои оваа сезона беа дел од СЕХА.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Вардар во идеалниот тим имаше дури четворица претставници: Милосављев, Дибиров, Криштопанс и Карачиќ.
КОМПЛЕТНИОТ ИДЕАЛЕН ТИМ ВО СЕХА ЛИГАТА
Голман – Дејан Милосављев (Вардар)
Лево крило – Тимур Дибиров (Вардар)
Лев бек – Петар Ѓорѓиќ (Мешков)
Среден бек – Игор Карачиќ (Вардар)
Десен бек – Даинис Криштопанс (Вардар)
Десно крило – Златко Хорват (ППД Загреб)
Пивотмен – Марин Шипиќ (Нексе)
За најдобар тренер е избран тренерот на Мешков Брест, Маноло Каденас, додека за МВП Златко Хорват од ППД Загреб.