Главна вест на Островот денес е трансферот на Бруно Фернандеш во Манчестер Јунајтед, откако „црвените ѓаволи“ конечно постигнаа договор со Спортинг Лисабон.
Меѓутоа, клубот од „Олд Трафорд“ работи и на други засилување, па денес „црвените ѓаволи“ постигнаа договор со голманот на Саутенд, Нејтан Бишоп.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Станува збор за 20-годишен перспективен голман, член на младинската репрезентација на Англија, и првотимеч во нисколигашот Саутенд.
Менаџерот на Саутенд, Сол Кембел потврди дека младиот голман ќе направи трансфер, но не потврди дали тоа ќе биде Манчестер Јунајтед.
Бишоп најпрво ќе игра за младиот тим на Јунајтед, но се очекува од следната сезона да се приклучи на првиот тим и да биде прва замена за Давид де Геа.