Јувентус и Рома интезивно преговараат овиде нови, а една размена помеѓу овие два клуба веќе е во завршна фаза.
Договорено е Леонардо Спинацола да тргне во Рим, додека во во спротивен правец ќе се упати Лука Пелегрини со тоа што „старата дама“ ќе доплати десет милиони евра. Двајцата играчи денес ги минуваат лекарските прегледи во своите нови клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оваа размена би можела да не биде единствена помеѓу Рома и Јувентус ова лето.
Голем дел од италијанските медиуми пишуваат дека Јувентус го сака Николо Заниоло и ќе се обиде да го доведе во овој преоден рок.
За да ја убедат Рома да го пушти Заниоло од Јувентус би можеле да го вклучат и Гонзало Игуаин.
Игуаин ова лето се врати во Јувентус после позајмицата во Челзи, но во Јувентус не сметаат на него и се обидуваат да се ослободат од Аргентинецот.
Јувентус Игуаин може да го понуди на Рома (позајмица со обврска за откуп) во замена за Заниоло. Секако, во целата зделка ќе биде додадена и одредена сума на пари.
Ако Игуаин пристигне во Рома ќе биде замена за Един Џеко кој се очекува да премине во Интер.