Скоро 12 милиони гледачи пред ТВ екраните го следеле вчерашното второ полуфинале помеѓу Германија и Норвешка кое заврши со победа на Норвежаните од 25:31.
Тоа не е достигнување на врвот на ракометната еуфорија бидејќи финалето на Европското првенство во 2016 година во Полска го гледале 13 милиони луѓе, а рекордот од СП го има финалето помеѓу Германија и Полска во 2017 година – 16.6 милиони фанови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
До друга страна пак француската телевизија објави дека катастрофата против Данска на нивната репрезентација ја гледале 2.6 милиони луѓе.
Во Данска гледаноста скоро на секој натпревар е над два милиони, тоа е скоро половина од целата земја (5.7 милиони).
Ваквите бројки за Данска се можеби и очекувани ако се земе предвид како игра Данска на ова Светско првенство. Данците во финалето против Норвешка која веќе еднаш ја победија на овој турнир влегуваат со девет победи од исто толку натпревари.