Дома Топ вести Договорот на повидок: Куртоа се сели во Мадрид и станува „крал“

Договорот на повидок: Куртоа се сели во Мадрид и станува „крал“

Англискиот премиерлигаш Челзи одлучи да го продаде белгискиот голман Тибо Куртоа, пренесуваат англиските медиуми.

Куртоа одби да го продолжи договорот со „сините“, па раководството на Челзи реши да го продаде ова лето. Медиумите во Белгија тврдат дека англискиот клуб веќе започнал преговори со Реал Мадрид и двете страни се блиску до договор.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Кралевите“ се во потрага по квалитетен голман кој ќе биде долгорочно решение на голот, а Куртоа во неколку наврати јавно потврди дека сака да се врати во Мадрид.

Поради тоа и одби да го продолжи договорот со Челзи, а „сините“ веќе започнаа преговори со Реал Мадрид.

Медиумите во Белгија тврдат дека двете страни се блиску до договор и дека трансферот ќе се комплетира веднаш по завршувањето на Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…