Дома Фудбал Италија Добри вести за Милан пред дербито со Јувентус

Добри вести за Милан пред дербито со Јувентус

Јувентус и Милан утре го играат големото дерби во Серија А, кое ќе биде од големо значење за „росонерите“ кои се во трка за четвртото место кое носи во Лигата на шампиони.

Јувентус е на чекор од освојување на Скудетото, па тренерот Алегри може да одмара некои важни фудбалери, а Роналдо сигурно нема да биде повикан поради повреда.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Проблем со повредени играчи има и Гатузо, кој денес конечно доби добри вести од лекарскиот тим.

Имено, играчот за врска Франк Кеси и плејмејкерот Сусо денес тренираа заедно со остатокот од тимот и ќе бидат спремни за дербито против Јувентус. Двајцата поради повреда го пропуштија мечот со Удинезе кој се играше во вторникот.

Токму на тој натпревар Гатузо остана без Џанлуиџи Донарума и Лукас Пакета кои заработија повреди. Голманот би можел да се врати за следниот меч со Лацио на „Сан Сиро“, додека за Бразилецот најверојатно сезоната е завршена.

https://youtu.be/ccJAA5jm2YY

Овој натпревар е од исклучително значење за „росонерите“ бидејќи трката за пласман во Топ 4 е исклучително интересна. Милан моментално е на четвртата позиција, но после слабиет резултати сега Аталанта му се доближи на само еден бод, а Лацио има четири бода помалку, но и натпревар помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Немања Матиќ повторно се врати во Серија А – познато чиј дрес ќе го носи!

Српскиот играч од средниот ред, Немања Матиќ, брзо најде нов клуб откако ја прекина сорабо…