Дома Фудбал Италија Добри вести за Милан, Жиру е негативен

Добри вести за Милан, Жиру е негативен

Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру дал негативен тест на Ковид 19 и од утре ќе му биде на располагање на тренерот Стефано Пиоли, соопштија „росонерите“.

Милан соопшти дека утре Жиру според протоколите ќе помине целосни лекарски прегледи, а потоа ќе се врати на тренинзите со тимот.

Францускиот напаѓач даде позитивен тест на 2 септември и беше во изолација, но без симптоми.

Не е јасно дали Жиру ќе биде повикан за дербито со Лацио во недела, но сигурно ќе биде на располагање за гостувањето на „Енфилд“ против Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачки хаос во Сплит: Приведени 32 лица пред натпреварот на Хајдук и Ајакс

Полицијата во Сплит спречи поголеми навивачки инциденти пред натпреварот, приведувајќи 32 …