Дома Фудбал Англија Добри вести за Гвардиола – најголемата ѕвезда почна со тренинзи!

Добри вести за Гвардиола – најголемата ѕвезда почна со тренинзи!

Најдобриот играч на Манчестер Сити од минатата сезона, Кевин де Брујн денес ги обнови тренинзите и почна да тренира со остатокот од тимот.

Де Брујн се враќа после шест недели од тешката повреда на коленото. Првичните очекувања беа 27-годишниот Белгиец да отсуствува од терените околу 3 месеци, но сега е јасно дека тој ќе се врати во игра многу побрзо.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Од штабот на Гвардиола се уште немаат официјално потврдено дали Де Брујн ќе може да игра на некој од наредните два меча – со Хофенхајм во Лигата на шампиони или при гостувањето во Ливерпул во недела.

Де Брујн е многу важен фудбалер за „граѓаните“ и минатата сезона одигра клучна улога во освојувањето на титулата со 12 гола и 21 асистенција.

https://youtu.be/v4cU9l-oS-M

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо не крие: Сакам да сум претседател

Бразилската фудбалска легенда, Роналдо ја потврди желбата да стане претседател на бразилск…