Дома Топ вести Ди Марија се спрема за трансфер кој ќе предизвика „земјотрес“

Ди Марија се спрема за трансфер кој ќе предизвика „земјотрес“

Барселона сака на лето да го донесе Анхел ди Марија во своите редови и наводно веќе започнале преговори со ПСЖ, тврдат шпанските медиуми.

Ова сигурно би бил шокантен трансфер, бидејќу Ди Марија со преселбата на „Камп Ноу“ сигурно ќе го навлече гневот на навивачите на Реал Мадрид кои ова ќе го окарактеризираа како „предавство“.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Ди Марија замина од Реал Мадрид како миленик на фановите за 70 милиони евра во Манчестер Јунајтед, но го напушти „Олд Трафорд“ после само една година.

Наводно Аргентинецот сега не е задоволен ниту во ПСЖ и сака да се врати во Шпанија, а Барса е спремна да ја искористи таквата ситуација.

Лео Меси има одлично мислење за својот сонародник и пријател и би бил среќен да го види на „Камп Ноу“, а медиумите во Шпанија тврдат дека Каталонците се спремни да платат 50 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Едно од најголемите изненадувања оваа сезона во ЛШ се – Емери и Астон Вила!

Eкипата на Астон Вила во вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите славеше победа проти…