Дома Фудбал Останато Ди Марија бесен на селекторот: Ако сум јас стар, зошто се повикани Меси и Агуеро?

Ди Марија бесен на селекторот: Ако сум јас стар, зошто се повикани Меси и Агуеро?

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, за претстојниот циклус квалификации за СП 2022 не го повика Анхел ди Марија.

Образложението за тоа е дека следува смена на генерации, и едноставно тој е веќе стар за да го носи националниот дрес.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Тоа многу го налути Ди Марија, па одлучи јавно да упати критики и негодување за таквата одкука.

„Немам логично објаснување, без зборови сум. За мене, аргентинската репрезентација е најважна. Во ПСЖ давам максимум со цел да играм за националниот тим и тешко ми е да разберам зошто не сум повикан. Ќе продолжам да се борам. Многумина мислат дека сум стар, но имам само 32 години, уште можам да трчам како порано“.

„Ако не ме повикале поради возраста, зошто ги повикаа Меси, Отаменди, Агуеро? Сите тие играат на високо ниво и беа повикани, а јас не“, изјави Ди Марија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Франција отвори истрага против Мбапе за сомнителни исплати

Француската фудбалска федерација отвори истрага против Килијан Мбапе. Причината се сомните…