Дома Фудбал Останато Директорската функција во Милан може да почека: Кака може повторно да игра фудбал!

Директорската функција во Милан може да почека: Кака може повторно да игра фудбал!

Добил повик кој не може да го одбие, ќе го видиме ли Бразилецот повторно на италијанските терени…

Кака се врати во Италија, има понуда од Милан да работи во структурите на клубот, но би можел и да се врати на теренот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, денес официјално, Андријано Галијани со поддршка на Силвио Берлускони го купи поранешниот второлигаш Монца, плановите се амбициозни во смисла на пласманот во Серија Б, каде што клубот од околината на Милано не бил скоро две децении.

Но, целиот хаос кој владее во Италија во пониските лиги, пред се поради финансиите и местењето натпревари би можел да и го олесни патот на Монца која сезоната ја започна одлично.

Како би можел да се спреми до зима и да помогне сигурно да се избори пласман во втората лига о што никој не се сомнева. Бразилецот би бил феномен и сигурно голем магнет за публука. Монца е клуб кој скоро цел период шета помеѓу втората и третата лига, но банкротираше пред неколку години и беше прфрлен помеѓу аматерите, за две сезони се вратија во третата лига.

Се верува и дека Милан би и помогнал со помладите играчи, што беше случај и во минатото. За Монца пред Милан играле големи фудбалери како Костакурта, Строп, Ганз, Казираги, Марко Бранко, Ди Баџо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…