Дома Фудбал Диего Коста ќе биде осуден на 6 месеци затвор

Диего Коста ќе биде осуден на 6 месеци затвор

Напаѓалот на Атлетико Мадрид, Диего Коста ќе биде осуден на шест месеци затво, пренесува „Мундо Депортиво“.

Бившиот шпански репрезентативец призна дека е виновен по обвинението за прикривање на даноци и така се согласи за помала казна.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Според законите во Шпанија, тие што се осудени до 24 месеци затвор, може да избегнат влегување зад репетни ако платат финансиска санкција.

Така ќе направи и Диего Коста, по примерот на други ѕвезди од Примера кои ги имаа истите проблеми. Обвинителството против него беше дека затаил данок во 2013 година во висина од 1,1 милион евра.

Коста ќе ја плати таа сума и ќе доплати плус половина милион евра како глоба за да избегне затвор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Неверство или нешто друго: Дали Ана е виновна за разделбата на Јамал со девојката? (Фото)

Фудбалерот на Барселона Ламин Јамал неодамна потврди дека ја прекинал врската со аргентинс…