Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста би можел да се врати во Премиер лигата бидејќи силен интерес за него покажува Жозе Мурињо.
Диего Коста има договор до јуни 2021 година, па „јорганџиите“ се спремни да го пуштат во јануари доколку добијат адекватна понуда.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тотенхем веќе започнал преговори со неговиот агент, но бара од напаѓачот да се согласи на помала плата бидејќи моментално во Атлетико заработува 10 милиони евра по сезона.
Диего Коста со Мурињо соработуваше две сезони, а пред две години го напушти Челзи и се врати во Атлетико Мадрид.
Сега двајцата би можеле повторно да соработуваат бидејќи Мурињо бара засилување во нападот.