Дома Фудбал Италија Диего Годин и официјално има нов клуб!

Диего Годин и официјално има нов клуб!

0

Диего Годин после девет години ја промени клубската средина.

Она што практично се чекаше неколку месеци се потврди утрово. Годин кариерата ќе ја продолжи во Интер и ќе претставува прво засилување во ерата на Антонио Конте.

Искусниот Уругваец изминатите девет години беше член на Атлетико Мадрид, а на Џузепе Меаца стигнува како слободен играч.

Овој 33-годишен дефанзивец со Нероаѕурите потпиша договор на две години и сигурно ќе претставува огромно засилување за миланскиот клуб.

Според неофицијалните информации уругвајскиот стопер ќе биде помеѓу најплатените играчи на Интер и ќе има плата од скоро 7 милиони евра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дали Јувентус со овој потег најави „бомба“ во финишот од преодниот рок?

Денес Јувентус отпатува за Сингапур каде што ќе ги помине припремите за новата сезона. На …