Дома Македонски спорт Мак ракомет Дибиров: Очекувам машки и тежок натпревар, одиме по победа!

Дибиров: Очекувам машки и тежок натпревар, одиме по победа!

Екипата на Вардар во четврток ја очекува првиот од двата натпревари со ПИК Сегед.

Во четврток Вардар прво ќе гостува во Сегедин, а за седум дена ќе биде домаќин. Во Лигата на шампионите црвено-црните се во серија од три порази, па нормално дека сакаат да дојдат до позитивен резултат во Сегедин.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Тимур Дибиров очекува машки и тежок натпревар.

„Не чека тежок натпревар, но сакаме да дојдеме до победа. Знаеме дека ни недостасуваат бодови, очекувам машки натпревар, ќе биде тешко сигурно. Сигурно нема да се предадеме и одиме таму со цел да победиме“, изјави Дибиров.

Натпреварот помеѓу ПИК Сегед и Вардар се игра во четврток во 18:45 часот.

Фото: РК Вардар

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…