Бранителот на тронот во Италија после поразот од Лацио се врати на победничките патеки и врза две победи во низа, после Удинезе во претходното коло, денес победена беше и Сампдорија.
Јувентус до водство стигна во 19.минутата и тоа после една мајсторија на Паоло Дибала. Алекс Сандро испрати долга топка, а Аргентинецот во стил на најголемите мајстори со волеј удар ја погоди мрежата.
Paulo Dybala just scored this goal on a day number 3126 since Inter won a trophy. pic.twitter.com/f1kg74Zjcm
— Days Since Inter Won A Trophy (@InterMerdaaa) December 18, 2019
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сампдорија до изедначување стигна од својата прва посериозна прилика. Сандро изгуби една топка на својата половина и во продолжение од таа акција Капрари го совлада Буфон.
Црно-белите сепак успеаа да заминат на полувреме со водство. Алекс Сандро повторно беше во улога на асистент, Бразилецот нафрли до Роналдо кој со еден „небесен“ скок погоди со глава.
Look at the leap by Cristiano Ronaldo. Easily the greatest header of the ball of all time. pic.twitter.com/NKJ694mdZ2
— TC. (@TotalCristiano) December 18, 2019
Ronaldo can fly!pic.twitter.com/cTWZj2oK6b
— Barstool Sports (@barstoolsports) December 18, 2019
Во вториот дел не видовме погодоци, стрелецот на голот за Сампдорија Капрари во судиското продолжение (92.минута) заработи втор жолт картон.