Ѕвездата на Јувентус, Пауло Дибала ја имаше една од најлошите сезони во кариерата, па се погласно се шпекулираше дека ќе направи трансфер ова лето.
Аргентинецот остана во сенка на Роналдо, притоа не беше во добри односи со Алегри, па и неговиот брат најави заминување од Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Дибала се предомисли и го негираше тврдењто на неговиот брат и категорично изјави дека сака да остане во Јувентус.
„Брат ми го кажуваше сопственото мислење, а управата на клубот го знае мојот став – останувам во Јувентус за да продолжам да освојувам трофеи со оваа екипа. Алегри е единствениот тренер со кој сум работел во Јуве, па не би можел да го споредувам со никого. Јас сакам да останам во Јуве, но тоа не зависи само од мене“, истакна Дибала.
Аргентинецот ги прокоментира и гласините дека не функционира најдобро со Роналдо во ист тим.
„Вистината е дека јас уживам играјќи со Кристијано. Ја имам можноста да играм со двајцата најдобри фудбалери на денешницата, со Роналдо во клубот и со Меси во репрезентацијата“, заклучи Дибала.
? Dybala: “I want to continue at Juventus next year, I’m happy here.” [Sky]pic.twitter.com/EnWNhV9x8i
— Adriano Del Monte (@adriandelmonte) May 24, 2019