Дома Фудбал Италија Дибала откри кое било првото прашање кое му го поставил на Мурињо

Дибала откри кое било првото прашање кое му го поставил на Мурињо

Рома денес на специјална пресконференција го претстави новото засилување, Пауло Дибала.

Дибала доаѓа во Рим како слободен агент откако му заврши договорот со Јувентус и предизвика еуфорија кај фановите на „волчицата“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Откако ми заврши договорот со Јувентус разговарав со многу клубови. Новинарите пишуваа дека ќе одам во Интер поради мојот добар однос со Марота. Но откако директорот на Рома дојде во Торино и разговаравме, веднаш ја прифатив понудата и среќен сум што доаѓам во овој клуб“, изјави Дибала.

„Моето прво прашање за Мурињо беше: Што можеме да освоиме? Јас сакам да победувам и да освојувам трофеи. Во Рома има некои одлични темели кои се поставија минатата сезона. Веруваме дека ќе имаме успешна сезона“, додаде Дибала.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арсенал постигна договор со Инкапие, сака да го земе на заем со задолжителна опција за откуп

Одбранбениот играч на Баер Леверкузен Пиеро Инкапие ги договори личните услови со Арсенал …