Дома Фудбал Италија Дибала: Никој не очекуваше да постигнам погодок со десна нога

Дибала: Никој не очекуваше да постигнам погодок со десна нога

Дибала синоќа беше јунак на Јувентус во победата над Милан со 1:0 во рамките на 12. коло од Серија А.

Јувентус до победата стигна во самиот финиш со голот на Дибала, кој на почетокот од второто полувреме го замени Кристијано Роналдо.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Дибала голот го постигна со “послабата“ десна нога, а после натпреварот изјави дека тоа никој не го очекувал од него.

„За нас беше важно да победиме без оглед кој ќе даде гол. Ова не беше нашето најдобро издание, но важно е дека остваривме победа и одиме кон одбрана на Скудето. Милан не ја почна добро сезоната, но тие сепак се Милан. Тоа е одличен тим со квалитетни играчи кој може да му направи проблем на секој тим.“ – изјави Дибала и додаде:

„Никој не очекуваше од мене да постигнам погодок со десната нога. Кога топката дојде до мене морав да шутирам со десната и за среќа помина се како што треба.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Луис Диаз ја даде „зелено светло“ на новиот клуб, Барселона повторно остана без засилување

Сите во Барселона очекуваа дека клубот ќе го заврши доведувањето на Нико Вилијамс од Атлет…