Дома Фудбал Италија Дибала му ја бакна раката Мурињо по двата гола, Португалецот откри што му кажал

Дибала му ја бакна раката Мурињо по двата гола, Португалецот откри што му кажал

Жозе Мурињо на највисоко ниво води клубови веќе две децении, Португалецот промени различни клубови и тренираше многубројни играчи.

Португалецот е познат и по тоа што знае да развие одличен однос со играчите, сега тоа е случај со Паоло Дибала. Аргентинецот вчера одигра одличен натпревар и постигна два гола во победата против Монца од 3:0.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Посебно импресивен беше првиот гол кога Дибала претрча 50-тина метри со топката во нозете и ја затресе мрежата. Во 65. минута Мурињо одлучи да го замени Дибала, а во таа прилика Аргентинецот му ја бакна раката на Жозе.

„Минатата сезона на „Олимпико“ против Јувентус му кажав на Дибала дека е добар, вечерва му го повторив истото, а тој се насмевна. Се потсетивме како минатата сезона постигнуваше голови на спротивната страна“, раскажа португалскиот стратег.

Дибала во Јувентус имаше константни проблеми со повреди и не успеваше да игра во континуитет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Инзаги го отпиша Митровиќ

Италијанскиот стручњак Симоне Инзаги само еден ден по поразот со својот Интер од Пари Сен …