Левандовски и Рафиња се две голми засилувања за Барселона кои пристигнаа ова лето, но Каталонците имаат проблем да ги регистрираат.
Ла Лига не дозволува регистрација на овие играчи додека не се направи простор во финансискиот дел од клубот. Поради тоа Барселона е принудена да прдава, а екипата од „Камп Ноу“ сака да се ослободи и од Френки Де Јонг.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа, Холанѓанецот не сака да замине и прави сериозен проблем. Ако во наредниот период каталонскиот клуб не се ослободи од него или ако Холанѓанецот не прифати драстично помала плата, Левандовски и Рафиња нема да можат да бидат регистрирани како играчи на Барселона.
Челниците на Ла Лига немаат можност да направат попуст за Барселона. Клубот едноставно мора да се ослободи од одредени договори и да направи трансфери во склад со прописите.
Медиумите веќе започнаа да шпекулираат дека бидејќи Де Јонг не сака да замине, Барселона размислува да го продаде Марк Андре Тер Штеген. Де Јонг така ја доведе Барселона во прилично незгодна позиција.
Лапорта и неговите луѓе го убедуваат да ја прифати понудата од Манчестер Јунајтед, но него во Англија не му се оди. Дали може да се случи поради неговото одбивање Барселона да остане без Тер Штеген останува времето да покаже.