Дома Фудбал Останато Де Лихт: Во Италија станав комплетен дефанзивец, но дојде време за нов предизвик

Де Лихт: Во Италија станав комплетен дефанзивец, но дојде време за нов предизвик

Холандскиот дефанзивец Матијас Де Лихт летово направи трансфер и од Јувентус премина во Баерн Минхен.

Де Лихт изненадувачки ја напушти „старата дама“ и првенството каде што стекна големо искуство. Холанѓанецот сега истакна дека од Јувентус си заминал без проблеми, а причината била што почувствувал дека е време за трансфер.

„Со Јувентус имав уште две години од договорот. Во Италија станав комплетен дефанзивец, но дојде време за нов предизвик во ново опкружување. Баерн се појави со понуда и не размислував многу“.

„Добро знам што ме чека, кога потпишувате за големи клубови притисок секогаш има. Баерн е тим кој игра напаѓачки и таков стил ми одговара“, изјави Де Лихт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мајсторија каква ретко се гледа: Ова е најубавиот гол во Лигата на нации🎥

19-годишниот словенски репрезентативец Бенџамин Шешко уште еднаш покажа дека е еден од нај…