Дома Фудбал Лига на шампиони Де Лихт: Бевме толку блиску до среќен крај, но не ни било судено

Де Лихт: Бевме толку блиску до среќен крај, но не ни било судено

Вчера Тотенхем направи голем пресврт и со победата од 2:3 се пласираше во финалето од Лигата на шампионите.

Никој не очекуваше дека Ајакс може да биде елиминиран кога на полувремето Холанѓаните имаа предност од 2:0, но Англичаните успеаа да постигнат три гола во второто полувреме и да направат комплетен пресврт.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Матијас Де Лихт постигна гол за водство на Ајакс во петтата минута од натпреварот. После натпреварот како и целиот тим на Ајакс и кај Де Лихт владееше големо разочарување.

„Финалето беше наш сон и се изгледаше како една убава бајка. Не замислуваме ваков крај, бевме толку блиску до среќен крај и пласман во финалето. Сепак, не ни било судено. Никој друг не е виновен, ние сме виновни. Си дозволивме да примиме три гола за едно полувреме“, изјави Де Лихт.

https://youtu.be/qqlVPJzC3nY

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

От Јувентус веќе преговараат со дефанзивец на Реал Мадрид

Од Јувентус започнале разговори со претставниците на дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио …